Кузеска за новите кадри: Клековски е лекар кој никогаш не работел во здравството, Пандов водеше компании за обложување кај Самсоненко

од Nikola Popovski
374 прегледи

СДСМ ги анализира кадровските решенија по институциите кои ги назначи Владата на ВМРО-ДПМНЕ. Според портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, „многу е очигледно дека премиерот Христијан Мицкоски посега по стари кадри“.

Кузеска на прес-конференција истакна дека со Фондот за здравство ќе раководи Сашо Клековски, кој „иако е лекар никогаш не работел во здравството“.

-Клековски беше редовен учесник на телевизиските дебати, каде ревносно ги бранеше политиките на ВМРО ДПМНЕ. Очигледно единствено таа „квалификација“ му ја обезеди позицијата в.д. директор на Фондот за здравство.

На директорско место во Управа за извршување санкции е назначен Александар Пандов, дипломиран историчар кој ниту има соодветно образование од оваа област ниту искуство. Работа во приватниот сектор кај Самсоненко, водејќи една од неговите компании за обложување не може да биде соодветна компетенција за оваа позиција.

Очигледно и затоа со назначување на в.д. директори Владата ја заобиколува неопходната процедура за избор на директори.

Назначувањето на Коце Трајановски за в.д директор пак е директна потврда дека кадровските политики значат враќање назад кон претохдното владеење на ВМРО-ДПМНЕ а не промена. ВМРО-ДПМНЕ го враќа градоначалникот кој го спроведе најголемиот градежен криминал во историјата на земјата, проектот Скопје 2014, рече меѓу другото Кузеска.

Трајановски е назначен за нов директор на Јавното претпријатие за државни патишта. Одлуката e потврдена од страна на Управниот одбор на ЈПДП. Тој доаѓа на функцијата на местото на Ејуп Рустеми. Трајановски беше поранешен градоначалник на Скопје и Општина Гази Баба.

Покрај него, назначени беа и Сашо Клековски за директор на Фондот за здравствено осигурување, Александар Пандов за директор на Управата за извршување на санкции, додека пак Здравко Трајанов ќе раководи со Национални шуми.

Слични содржини