Кузеска: Зголемувањето на минималната плата, ќе донесе раст и на просечната плата

од Берта Китинска
798 прегледи

СДСМ преку Владата и институциите што ги предводи, останува посветена на надминување на последиците од енергетската криза и заштита на економскиот стандард на граѓаните.Активирани се сите капацитети за производство на електрична енергија, за да се спречи увозот на скапа струја, вели на денешната прес-конференција, Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Таа напомена дека во буџетот за 2022 година веќе се предвидени 130 милиони евра кои ќе бидат наменети за антикризни мерки за помош на граѓаните и на стопанството и со овој износ дополнително ќе се зголемува ако има потреба.

-Во овој период се креираат конкретни мерки за помош кои ќе се реализираат во текот на годината а кои ќе имаат за цел директна помош на семејствата, но и на компаниите.Македонската економија е стабилна, подготвена да се соочи со предизвиците што со себе ги носи енергетската криза, но и пандемијата со коронавирусот.
Со преземање на навремени, ефикасни економски политики, за годинава очекуван е раст на економијата од најмалку 4,6 отсто.Новата Владата предводена од СДСМ ќе остане фокусирана на сериозно зголемување на домашните приватни инвестиции и влез на нови странски директни инвестиции.Сето тоа ќе влијае на дополнителен пад на невработеноста која сега изнесува 15.9 отсто, како и на забрзување на економскиот раст.Платите ќе продолжат да растат и во текот на оваа година. Следува ново зголемување на минималната плата, што со себе ќе донесе раст и на просечната плата која наскоро ќе ја надмине границата од 30.000 денари, односно 500 евра, вели Кузеска.