Кузеска: Зошто Mицкоски ја проблематизираше техничката влада кога на крај влезе во неа со ДУИ?

од Nikola Popovski

Ппаднаа во вода сите изјави на Мицкоски, драматизирања, лажни обвинувања. Целата јавност добро се сеќава на изјавата на Мицкоски од лидерската средба. Прифаќаше се’ под единствен услов: ДУИ да не биде дел од Владата. Еве денеска, ДПМНЕ седна во Влада со ДУИ. Мицкоски излажа, обвини портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

Според неа, министрите на ДПМНЕ денеска не знаеа што да прават, дел присуствуваа на конститутивната седница на техничката Влада, дел побегнаа.

-Нека излезе сега пишман аџијата Мицкоски и нека им објасни на граѓаните, но и на неговите членови: Зошто ја проблематизираше техничката влада кога на крај влезе во Влада со ДУИ? Чуму ги бојкотираа своите кандидати за министри во македонското Собрание и не гласаа за техничката Влада? Кому му служат овие незрели и политички уникатни чекори што ги нема на ниту едно место во светот, рече Кузеска, додавајќи дека „лидерот на опозицијата нема став, ниту политички капацитет да донесе некаква одлука, дефинитивно не знае што со себе, ниту со партијата“.

Слични содржини