Квалификации за ЕП 2027 во Србија и Албанија за младинци: Македонија против Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија

од Vladimir Zorba
50 прегледи

Денеска во седиштето на УЕФА, Нион се одржа ждребот за квалификациите за пласман на Европско првенство 2027 во Албанија и Србија за фудбалери до 21 година.

Нашата млада селекција за противници ги доби репрезентациите на Италија, Полска, Шведска, Црна Гора и Ерменија во рамки на групата Е.

Квалификацискиот циклус ќе започне во март годинава и ќе трае се до ноември 2026 . Домаќините на претстојното Европско првенство , Албанија и Србија се директни учесници на турнирот.

– Извлековме тешка група, покрај фаворитот Италија, од вториот и третиот шешир ги добивме најтешките противници Полска и Шведска. Во нашата група уште се и Црна Гора и Ерменија, репрезентации кои не се нималку наивни. Мора да размислуваме позитивно и да бидеме оптимисти. Претходно нагласив дека максимално верувам во оваа генерација. Можеме и имаме квалитет да и парираме на секоја репрезентација. Наредниот период се до почетокот на квалификациите во септември, треба да го искористиме на најдобар можен начин за да се подготвиме најдобро што можеме и самоуверено и храбро да го дочекаме почетокот на претстојните квалифкации. Битно е фудбалерите да веруваат во своите квалитети, да бидат максимално фокусирани на претстојните предизвици, а другото ќе дојде на свое место. Одиме чекор по чекор, натпревар по натпревар, верувам дека нема да ги разочараме нашите фанови и љубителите на фудбалот во Македонија, изјави Горан Станиќ, селектор на репрезентацијата на Македонија до 21 година.

Квалификациски групи за ЕП 2027 Албанија и Словенија;

Група A: Шпанија, Романија. Финска, Косово, Кипар, Сан Марино

Група Б: Португалија, Чешка, Бугарија, Шкотска, Азербејџан, Гибралтар

Група Ц: Франција, Швајцарија, Исланд, Фарски Острови, Луксембург, Естонија

Група Д: Англија, Република Ирска, Словачка, Молдавија, Казахстан, Андора

Група Е: Италија, Полска, Шведска, Македонија, Црна Гора, Ерменија

Група Ф: Германија, Грузија, Грција, Северна Ирска, Летонија, Малта

Група Г: Холандија, Норвешка, Словенија, Израел, Босна и Херцеговина

Група Х: Украина, Хрватска, Унгарија, Турција, Литванија

Група И: Данска, Белгија, Австрија, Велс, Белорусија