Режисерот Квентин Тарантино и неговата сопруга Даниела го очекуваат своето второ дете.
Веста доаѓа две години откако парот го доби своето прво дете, синот Лео, во февруари 2020 година, пренесе „People“.
Тарантино и 20-годишната Даниела, ќерка на израелската кантавторка Цвике Пик, првпат се сретнаа во 2009 година додека режисерот беше во Израел каде го промовираше својот филм „Inglourious Bastаrds“. Двојката се вери во јуни 2017 година, а се венча во ноември 2018 година во Лос Анџелес.
Минатата година, во интервју со Џими Кимел, Тарантино објасни зошто на својот син му го дал името Лео, за кој многумина мислеа дека е именуван по Леонардо ди Каприо, со кого режисерот соработуваше на филмовите „Django Unchained“ и „Once Upon A Time In Hollywood“.
„Речиси и не го викавме така затоа што луѓето претпоставуваа дека му го дадов името по Леонардо ди Каприо. Нема ништо лошо во тоа, но тој беше именуван по дедото на мојата сопруга, но и затоа што, во нашите срца, тој беше нашиот мал лав. Значи, тој е лав. Така мислевме за него“, изјави тогаш оскаровецот.
Тарантино и неговото семејство моментално живеат во Тел Авив, Израел, а Лео расте зборувајќи и англиски и хебрејски.