Од денес на сајтот на Министерството за здравство се објавени се достапни препораките за лекување од Ковид-19. Претседателот на Комисијата за заразни болести Александар Петличковски објасни дека најновите препораки за лекување се пред се наменети за лекарите кои ќе можат од едно место да црпат релевантни податоци за лекувањето на пациентите.
-Објавените препораки се верзија од септември 2021 година и тие ќе претрпуваат промена како што интернационалните научни сознанија ќе се менуваат. Во овие препораки за ивермектинот нема научни докази дека тој помага за ковид, рече Петличковски.
Toj oбјасни дека препораките се направени врз основа на научните сознанија.
-Немаат обврзувачки карактер, но се тука да послужат за од едно место да се црпат релевантни информации, а да не доаѓаме во ситуации некој лекар да советува терапија која не е препорачана, појасни Петличковски.