КЗБ не препорачува нови мерки за заштита од Ковид-19, но бара да се носат маски во болници, аптеки и јавен превоз

од Nikola Popovski
234 прегледи

Членовите на Комисијата за заразни болести (КЗБ) на денешниот состанок ја разгледале актуелната епидемиолошка состојба во државата и констатирале дека состојбата со Ковид-19 е стабилна.

Од Министерството за здравство (МЗ) велат дека нема зголемување на бројот на позитивни случаи, хоспитализирани и починати.

Ставот на Комисијата е дека четирите мерки, кои се актуелни и се уште се на сила, како што се: носење маска во здравствени установи, аптеки, јавен превоз и домови за стари лица и лица со посебни потреби, одговараат на актуелната епидемиолошка состојба и тие ќе продолжат и во иднина.

-Стабилна е состојбата и со респираторно-синцицискиот вирус во земјава, информираат од МЗ по денешниот состанок на КЗБ.

Комисијата и понатаму ја следи состојбата со заразните заболувања во нашата држава и доколку има потреба од нови препораки за тоа навремено ќе информира.

МЗ повеќе од месец дена не ги објавува дневните ковид-билтени за бројката на заразени, хоспитализирани, починати и опоравени од коронавирусот.

Слични содржини