Комисијата за заразни болести предлага сертификатот за прележан ковид-19 наместо 45 да трае 180 дена. Оваа препорака е донесена на денешната седница на Комисијата и ќе биде доставена до Владата.
Тој информираше дека 6 лица кои примиле бустер доза починале во период од 1-ви до 31-ви јануари годинава.
– Втората препорака е поврзана со извештајот од ИЈЗ каде е направен анализа на сите случаи на хоспитализација и смрт од Ковид-19 во период од 1-ви до 31-ви јануари за 2022 година. Анализата покажува дека во анализираниот период само 6 лица кои примиле трета доза завршиле со смртен исход, сите смртни случаи кои биле констатирани имале дополонителни коморбидитети како што се дијабет, карцином, кардиоваскуларни заболувања и обезност, изјави д-р Мехмедовиќ.