Ла Лига има нов крал на тики-така, пишува АС

од Vladimir Zorba
188 прегледи

Ла Лига има нов крал на тики-така и тоа е Валенсија на Џенаро Гатузо, пишува во својот материјал мадридското издание АС.

Причината за ова признание е што во првите четири кола од новата сезона во шпанската елита токму „лилјаците“ ја поседуваа топката во најголем процент од минутажата кај сите екипи во првенството. Така, тие се пред дури и Барселона на Чави Ернандез, Реал Мадрид на Карло Анчелоти и Бетис на Мануел Пелегрини, пишува изданието.

Во нивните први четири натпревари од кампањата, Валенсија имаше просечни 62% посед на топката.

Во победата од 1-0 над Жирона, поседот на топката беше околу 60% пред да биде исклучен Ераи Комерт во 52. минута, по што падна на 46%. И покрај поразот од 0:1 од Атлетик Билбао на „Сан Мамеш“, поседот на топката на „Лос Че“ на овој натпревар беше околу 63%.

Во поразот од 0:1 од Атлетико Мадрид и „потопот“ од 5:1 над Хетафе, тимот ја контролираше топката 70% од времето.

Слични содржини