Лудата приказна на Ибрахимовиќ: Гатузо заврши во корпа за отпадоци

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ проговори за еден „непријатен“ настан.

Тој се вклучи во шоуто на телевизијата „Раи 1“ и раскажа нешто за Џенаро Гатузо и за неговиот однос со него.

Последниот контакт со него го имал пред неколку дена.

“Вчера му се јавив на Гатузо пред да му испратам на мојот син роденденска честитка бидејќи Гатузо е неговиот омилен играч. Синот ја сака решеноста и карактерот што ги покажуваше Рино на теренот”, рече Златан и додаде:

Му реков: „Ако не ми испратиш видео со кое му го честиташ роденденот на мојот син, јас ќе дојдам во Неапол и ќе мораш да го направиш тоа во живо“. Еднаш го ставив со главата во корпа за ѓубре, тој е силен, но сепак заврши во корпа за отпадоци“, рече Ибрахимовиќ низ смеа.

Ибрахимовиќ и Гатузо за потсетување играа заедно во Милан од 2010 до 2012 година.

 

Слични содржини