За да го подготвите овој интересен десерт, потребни ви се следните состојки:

За капучино:
50 g еспресо кафе
145 g шеќер
2 жолчки
2 dl ликер од кафе
250 мл свеж крем
За сосот од јаболка:
2 пакетчиња желатин
2 јаболка
200 ml сок од јаболко
50 g шеќер
половина стапче ванила
1 цимет стапче
За шлаг:
150 мл свеж крем
2 лажици шеќер во прав
сируп од бадеми
сок од лимон
по желба 1 dl amaretto ликер
Подготовка:
Кафето го варите со 110гр шеќер и 300мл вода. Проматете ги жолчките со 35 гр шеќер. Процедете го кафето и измешајте го со кремот. Ставете ја чинијата со крем во поголем сад со ладна вода и коцки мраз, за кремот да се олади. Додате го и ликерот и слатката павлака и измешајте. Сипајте ја добиена смеса во висока чаша и ставете ја во фрижидер околу 6 часа.
Исечете го јаболкото на мали коцки. Сокот од јаболко измешајте го со стапчињата ванила и цимет. Кога ќе почне да зоврива оваа смеса, додајте ги парчињата јаболко, и варете уште две минути. Врз оваа смеса истурете го и желатинот и ставете во фрижидер. За шлагот изматете ја павлаката со шеќерот во прав и сирупот. Додајте го сокот од лиомон и амарето (по желба).
Изладенето капучино извадете го 5мин пред сервирање и додадете го сосот од јаболко и шлагот . Посипајте со какако, декорирајте по желба и сервирајте.