Лагард: ЕУ е ранлива, надворешната трговија и извозот повеќе не се мотор на растот

Европа мора да го ослободи потенцијалот на својот внатрешен пазар, смета претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард. На 35-от Европски банкарски конгрес во Франкфурт, Лагард истакна дека Европската Унија денес е ранлива поради отвореноста на нејзината економија и предупреди дека надворешната трговија и извозот повеќе не се мотор на растот.

од Vladimir Zorba
24 прегледи Фото: Фејсбук/Кристин Лагард

Европа мора да го ослободи потенцијалот на својот внатрешен пазар, смета претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард. На 35-от Европски банкарски конгрес во Франкфурт, Лагард истакна дека Европската Унија денес е ранлива поради отвореноста на нејзината економија и предупреди дека надворешната трговија и извозот повеќе не се мотор на растот.

Зависноста од американските пазари доведе до стагнација на продуктивноста и зголемена зависност од другите, а Европа има проблеми и поради зависноста од клучните суровини и технологии од Кина, додава претседателката на Европската централна банка.

Европската Унија, како што изјави, има отпорна економија благодарение на силниот пазар на трудот што ја одржува вработеноста и потрошувачката дури и кога растот се забавува, големиот потенцијал на европските компании и соодветните фискални и монетарни политики, но внатрешните бариери продолжуваат да го ограничуваат растот, особено во дигиталните услуги и пазарите на капитал. Доколку сите членки на Европската Унија ги намалат бариерите на ниво на Холандија, внатрешната трговија би се зголемила доволно за да ги неутрализира последиците од американските царини, изјави Кристин Лагард.

Таа повика на отстранување на бариерите за стоки и услуги меѓу земјите од ЕУ, поефикасно донесување одлуки врз основа на квалификувано мнозинство во важни области и поедноставена правна рамка за водење бизнис во земјите од ЕУ. Според неа, овие чекори не бараат нови договори, туку само политичка волја за спроведување на постојните механизми, според текст објавен на веб-страницата на ЕЦБ.

„Доколку ова се постигне, Европа може да премине од отпорност кон вистинска сила“, заклучи Кристин Лагард.