Целосното забулувањето не е дозволено ниту на жените, ниту на мажите. Тоа не е религиозен чин и кој тврди такво нешто, лаже, вели шеикот Халед Омран од Универзитетот Ал Азхар во Каиро и ги разбива митовите за бурката и никабот- пишува DW.

Облека на шеикот Халед Омран одговара на работното место. Тој е генерален секретар на Советот за фатви на Универзитетот Ал Азнар во Каиро – најважната сунитска образовна институција. Омран е облечен во темен кафтан. На главата носи црвен фес, завиткан во бел шал. Кафтанат и феспт го карактеризираат како религиозен научник. Тие не се дел од неговата лична гардероба. “Личната облека е личен избор, иако и тоа е поврзано со навиките и обичаите”, вели шеикот и додава дека што се однесува до жените, во шеријатот има само три услови за женската облека.
“Светиот Куран и Сунната ги поставуваат рамките на женското облека. Таа не треба да нагласува телото, не треба да го изложува навидик и не смее да биде стегната. Кон овие прописи се додава и тоа дека облеката не треба да ги покрива рацете и лицето на жената “, вели Халед Омран. Дали тоа значи дека бурката и никабот не се пропишани во Куранот?
Никабот е само традиција
Шеикот одговара дека ниту Куранот ниту Сунната наметнуваат целосното забулувањето на лицето, ниту пак ги обврзуваат жените да носат т.н. Никаб. “Носењето на никаб е само традиција, која се претворила во обичајно право, поврзано со живеењето во некои земји. Но за тоа не се споменува ништо во шеријатот”, дополнува Шеик.
Единствено жените на пророкот Мухамед биле обврзани да се забулени. Но тоа е една карактеристика или повеќе исклучок, кој било валиден пред 1400 години. Можно ли е тогаш муслиманските жени во Блискиот Исток или оние во Европа да сакаат да се доближат до пророкот и затоа да тврдат дека никабот е симбол на исламот?
“Овој исклучок од пред толку многу години не може да биде оправдување за подражување. Тоа беше валидно само за жените на пророкот. Откако шериатот определува дека ова специфично право важи само за пророкот и неговите жени, другите муслимански жени не можат да се правдаат со тоа “, категоричен е Халед Омран.
Зарем жената која го носи никаб, ги крши законите на својата вера? “Една жена, израсната во општество каде носењето на никаб е традиција, од религиозна гледна точка има право на слободен избор. Но ако одлучи да носи никаб, не треба да се гледа тоа како на религиозен чин. Ако го направи тоа, тогаш таа би имала проблеми. ”

“Сите наши студии за целосно облекување во исламот покажуваат дека тоа е само традиција”, вели Шеикот. Впрочем исламските научници имаат различни мислења за никабот. “Некои тврдат дека никабот нуди заштита на жената, а други велат дека е израз на религиозен фанатизам. Некои научници дури тврдат дека никабот е пронајдок кој нема никаква врска со религигијата”, посочува Омран. Тој забележува дека носењето на никаб не е дозволено ниту на жените, ниту на мажите. “Има само еден исклучок: во некои области – на пример во пустините – носењето на никаб е дозволено при одредени услови. На пример ако служи како заштитна облека во случај на песочната бура. Во сите други случаи никабот треба да биде отфрлен како религиозен фанатизам.”
Целосна забрана на забулувањето?
Некои исламски научници сметаат дека носењето на никаб во некои општества нуди заштита на жената. “Но ако никабот штети на едно општество и служи на пример како покритие за извршување на терористичини злосторства, јас се залагам за неговата забрана”, вели шеикот Халед Омран.
Впрочем на универзитетот Ал Азнар во Каиро никабот е забранет официјално. “Кога некоја професорка се соочува со учениците, тие треба да можат да го гледаат лицето, да ја толкуваат нејзината мимика. Зашто токму таа лежи во основата на меѓучовечките комуникации. Значи нашиот декан зеде правшилно решение и ние го поддржуваме целосно”, коментира шеикот Халед Омран.