Лајчак тврди дека успеал да го омекне Курти

од Nikola Popovski

Ситуацијата на Косово не е лесна, изјави вчера специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, додавајќи дека успеал да го „омекне“ Албин Курти.

Лајчак изјави дека имал значајни средби со косовскиот премиер и со претседателката на Косово, Вјоса Османи.

„Постои разбирање за потребата да се оди напред по трите точки што ги предложи ЕУ – деескалација, брзи нови избори и враќање на дијалогот. Останува да продолжиме со дискусиите за конкретни чекори“, рече Лајчак по завршувањето на разговорите со претставниците на Косово.

Специјалниот пратеник на ЕУ за дијалог денеска е во Белград, каде треба да се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ.

Слични содржини