Лајчак: Заев ги загуби изборите бидејќи не можеше да го исполни ветувањето до граѓаните за почеток на преговорите со ЕУ

од Nikola Popovski
660 прегледи

Потребно е Северна Македонија и Албанија веднаш да започнат пристапни преговори со Европската унија, изјави специјалниот претставник на ЕУ за дијалогот меѓу Белград и Приштина, за време на неговото учество на шестиот „Thessalonik summit“ во Солун, јави дописничката на МИА од Атина.

-Премиерот Зоран Заев ги загуби изборите и се повлече, а ги загуби изборите бидејќи не можеше да го исполни неговото ветување до граѓаните за почеток на пристапни преговори со Европската унија, а неговото ветување не го исполни, не затоа што тој не го заврши неговиот дел, туку бидејќи ние, Европската Унија, за жал, не можевме да го исполниме нашиот дел, рече Лајчак.

Според него, целосната интеграција на Западен Балкан, што значи полноправно членство, „е единствениот логичен пат напред“. Објасни и дека во интерес на ЕУ е регионот да ги дели европските вредности.

-Подобро е да ги извезуваме нашите вредности, отколку да увеземе нестабилност од регионот, порача специјалниот ЕУ претставник за дијалогот меѓу Белград и Приштина, а ставот дека местото на Западен Балкан е во Унијата го поткрепи и со фактот дека постојат предизвици што не познаваат граници, како што се климатските промени, енергетската криза,миграцијата, КОВИД-19.

Слични содржини