252
Специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот меѓу Србија и Косово, Мирослав Лајчак, по вчерашната посета на Приштина и Косовска Митровица најави дека е загрижен за она што го слушнал на север.
„За мене беше важно повторно да го посетам северот на Косово и да разговарам со различни соговорници за да добијам впечаток од прва рака за моменталната ситуација. Она што го слушнав ме загрижи“, напиша Лајчак на Твитер.
По вчерашната посета на Косово, Лајчак денеска во Белград ќе се сретне со претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како дел од подготовките за следната средба на ниво на преговарачи во Брисел.
„Мора да избегнеме секаква можност за ескалација и целосно да се фокусираме на нормализацијата“, изјави словачкиот дипломат.