„Лајка“: Да не се злоупотребува случајот со кучето Пабло

од Берта Китинска
238 прегледи

Од ЈП „Лајка“ информираат дека сите недоразбирања со сопствениците на кучето Палбло се надминати.

„Денеска лицата кои тврдеа дека кучето е нивен домашен миленик, беа повикани во нашето прифатилиште и сите недоразбирања се надминати.ЈП ЛАЈКА СКОПЈЕ е сервис во служба на сите граѓани и работи согласно закон и прописи.Сите шпекулации и злоупотреби по социјалните мрежи ги демантираме и нагласуваме дека сме постапиле согласно нашите ингеренции“, соопштија од стационарот.

Вчера на социјалните мрежи излезе објава во која беше напишано дека „Лајка“ го згрижила миленикот на семејството по пријавата од полиција дека е најдено напуштено куче. Откако сопствениците си го побарале назад, од стационарот им било соопштено дека мора да платат 14 000 денари надомест.

Слични содржини