Од ЈП „Лајка-Скопје“ објавија дека кучето Кики само се вратило во прифатилиштето.
„Денеска повторно имавме изненадување пред влезната врата на прифатилиштето. Кики која вчера беше вратена на локацијата од која е заловена, ова утро сама се врати. Таа имала долга ноќ пред себе и поминала часови барајки го патот до Лајка. Срцето на место кога ги забележа своите негователи и секако неизбежно гушкање. Оваа голема девојка останува кај нас, додека да и најдеме соодветен дом“, информираа од Лајка.
Од таму објавија дека тие се свесни дека капацитетот, можностите и законот не им дозволуваат да ги задржат сите кучиња кои нема да се вдомат, но ваквите случки кои константно се повторуваат ја наметнуваат потребата од покренување иницијатива за законски измени.
„Активно работиме на подигнување на свеста за одговорното сопствеништво и паралелно градиме култура за вдомување на бездомни кучиња, во што сметаме дека ги надминавме и нашите очекувања“, велат од претпријатието.