Лајм: Илир Мета во Скопје на јавна средба со Ахмети, на тајна со Мијалков?

од desk4
111 прегледи

Османи од СДСМ отворено се сомнева дека Илир Мета дојде во Македонија со план за рушење на владата на Заев.
Албанскиот претседател Илир Мета беше во ненајавена приватна посета на Македонија при што во Кичево имаше средба со Али Ахмети, а во Скопје според информации во медиумите на албански јазик имал тајна средба со Сашо Мијалков.
Поради тоа Хади Османи од СДСМ отворено вели дека Мета дошол во Скопје со план за рушење на владата на Заев.
-Мицковски рече дека во среда ќе падне владата. Не се надевајте џабе на Илир Мета. Ова влада е избрана од граѓаните и не се расипува со нокни договори”, вели Османи за весникот Лајм.