Лампард најверојатно ќе го замени Сари на чело на Челзи

од Vlatko K
150 прегледи

Френк Лампард најверојатно ќе биде наследник на Маурицио Сари во Челзи, објави весникот „Сан“.

Италијанецот ќе ги напушти „сините“ по финалето во Лига Европа, откако од Јувентус сакаат да го
привлечат за наследник на Масимилијано Алегри и се подготвени да платат за него оштета од 5
милиони фунти, што би било идеално за лондонскиот тим.


Челзи немаше особено добра сезона, но сега легендата на клубот се враќа, кој во понеделникот ќе
се обиде да го внесе Дерби во Премиер Лигата преку баражот против Астон Вила.

„Имам уште две години од договорот и по натпреварот ќе разговарам со претседателот во врска со
резултатот, како и за тоа што да правиме потоа“, изјави 40-годишниот Лампард, кој има одлична
сезона на чело на „овните“.

Букмејкерите веќе престанаа да се обложуваат за негово враќање во Западен Лондон, што исто
така е прилично индикативно. За 13 години со синиот дрес, халфот освои 11 трофеи и постигна
рекордни 211 гола во 649 натпревари.

Шефот на Дерби, Мел Морис веќе објави дека нема да стои на неговиот пат, ако од Челзи го
побараат и евентуален успех против Вила би бил идеалниот начин на кој Лампард ќе се раздели со
клубот и ќе го направи следниот чекор во својата кариера.