Лампард не смее да загуби, Тухел чека грешка и повик од Лондон

од Vladimir Zorba
325 прегледи

Фудбалерите на Челси имаат низа слаби резултати и многумина веруваат дека ова може да влијае на судбината на тренерот Френк Лампард.

Медиумите во Германија дури одат дотаму што тврдат дека во случај на пораз од Астон Вила, што би бил четврти на последните пет натпревари, Лампард би можел да биде заменет.

Иако тоа е малку веројатно, „Билд“ пренесува дека поранешниот тренер на Пари Сен Жермен, Томас Тухел е заинтересиран да го преземе кормилото на „сините“ доколку се појави можност.

Тухел доби отказ во Париз, четири месеци откако го водеше тимот до финалето во Лигата на шампионите во кое загубија од Баерн.

Клубот од „Паркот на принцовите“ ќе му исплати отштета од шест милиони евра и тој ќе може веднаш да започне со работа во друга средина.

Тухел гледа идеална позиција во Лондон, каде што би можел да работи со тројца сонародници, Каи Хаверц, Тимo Вернер и Антонио Ридигер.

Челси, исто така, имаше планови да го ангажира Тухел во 2017 година, кога го напушти кормилото на Борусија Дортмунд.

„Сините“ загубија од Евертон, Вулверхемптон и Арсенал во последните три гостувања во Премиер лигата.

Слични содржини