Лампард потпиша за 2,5 години со Евертон

од Vladimir Zorba
454 прегледи

Френк Лампард е пред договор со Евертон. Според информациите на британските медиуми, поранешниот ас на Челзи ќе потпише 2,5-годишен договор со „карамелите“.

43-годишниот Англичанец е без работа повеќе од една година откако беше ослободен од Челси во јануари 2021 година.

Лампард беше поврзуван со менаџерските позиции во клубови како Кристал Палас, Астон Вила и Норич, но не беше постигнат договор.

Во моментов на Евертон не му оди најдобро во Премиер лигата, кој по одиграни 20 натпревари ја зазема 16-тата позиција со 19 бодови.

Слични содржини