345
Поранешниот менаџер на Челси, Френк Лампард е заинтересиран да работи во Лестер, објави Еуроспорт.
Тој беше многу активно поврзуван со работата во Норич, но по првичните разговори реши да се откаже од неа. 43-годишниот поранешен фудбалер би сакал да ги преземе „лисиците“ доколку актуелниот менаџер Брендан Роџерс го напушти тимот.
Роџерс е еден од главните кандидати за нов тренер на Манчестер Јунајтед доколку на крајот биде отпуштен Оле Гунар Солскјер.
Лестер има колеблив старт на сезоната и моментално е 12-ти на табелата со 15 бодови од 11 натпревари.