316
Менаџерот на Челзи, Френк Лампард, информираше дека Оливие Жиру може да го напушти „Стемфорд“ Бриџ преку зимскиот преоден рок. Иако беше меѓу резервите на „сините“ против Нотингем Форест за ФА Купот, се верува дека Жиру нема да остане веќе во Лондон.
Астон Вила и Њукасл Јунајтед се заинтересирани за францускиот напаѓач, со тоа што Лампард потврди дека играчот може да си замине.
„Јас разговарав со него и мојот одговор останува ист. Може да замине во јануари. Ако Оли сака да си оди, тогаш нема да го спречиме. Сакам сите да работат за клубот, да работат за мене, за тимот, за навивачите. Тогаш моите барања се исполнети“, призна Лампард. Кристал Палас, исто така, ја следи ситуацијата околу стрелецот.