Жиру до навивачите на Милан: „Верувајте во нас“

од Vladimir Zorba

Напаѓачот на Милан, Оливие Жиру по ремито на гостувањето кај Сасуоло (3:3) од 32. коло во Серија А упати апел до навивачите за поддршка за претстојниот реванш против Рома од Лигата на Европа.

Првата средба во Милано заврши 1:0 во корист на „римските волци“.

„Не се предадовме и сакавме да победиме. Но, сега размислуваме само за четврток. Верувајте во нас“, напиша Жиру на социјалните мрежи.

Милан е на второто место во Серија А со 69 бодови. Сасуоло има 26 бодови и се наоѓа на претпоследната 19-та позиција.

Слични содржини