ВЛЕН обвинува за постојани провокации од Европскиот фронт

од Nikola Popovski

Носителот на листата на кандидати за пратеници на Коалицијата ВЛЕН во ИЕ1 и лидер на Демократското движење, Изет Меџити потенцира дека се заинтересирани да бидат фактор во влада која ќе биде европски ориентирана. За нив, вели Меџити, тоа е приоритет, но сега се фокусирани само на изборната кампања и програмата пред граѓаните.

-Нашиот став е јасен за евроинтеграциите, додава Меџити.

-Европскиот фронт како што се нарекуваат, цело време провоцираат и сакаат инциденти оти само на тој начин можат да ја дефокусираат јавноста од големиот пораз што ги чека. Видовте дека на 24 мај славеа и провоцираа пред штабот на ВЛЕН, исто така видовте провокација на Груби пред општина Чаир. Има некои провокации од видни членови кон нас, но познавајќи, знаеме дека се без срам. Ние како опозиција, како ВЛЕН цело време избегнувавме провокации бидејќи ние гласот од граѓанинот го бараме за да му го подобриме животот, а не да му нанесеме вакви глупости и потешкотии, кажа претседателот на Демократското движење.

На денот на изборите имаше обид за бугарски воз во едно избирачко место во Општина Липково, реагираат од коалицијата на здружената албанска опозиција. Велат, иако Општинската изборна комисија веднаш интервенирала, Државната изборна комисија овој настан не го зела в предвид. Од ВЛЕН обвинуваат дека од ДУИ продолжуваат со исто темпо во обидите по секоја цена да ги манипулираат изборите и резултатите од гласањето.

Слични содржини