Мицкоски: Политиката не е шведска маса – ДУИ мора да оди во опозиција

од Nikola Popovski

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и носител во ИЕ1, Христијан Мицкоски смета дека раководството на ДУИ живее во минати времиња. Според него, политиката не е шведска маса, па, како што истакнува, „ДУИ да земе малку од СДСМ, па малку од ВМРО, па малку од друга партија…“

-ДУИ беше 6,5 години власт со СДСМ и поразени се на првиот круг претседателски избори. Очекувам да бидат поразени и по парламентарните избори и очекувам да бидат опозиција по неколку недели од денес, рече Мицкоски по средбата во Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ).

За него, правилото „победник со победник“ постоеше во минатото, кое што, како што рече, ДУИ самите го прекршија во 2017 година.

-Немаме ниту елементарна доверба да можеме да соработуваме со ДУИ. Тие мора да одат во опозиција, дециден е Мицкоски.

Слични содржини