Лани над 1 милион македонски туристи ја посетиле Грција

од Nikola Popovski
465 прегледи

Грција минатата година била посетена од 1.128.000 туристи од Македонија, согласно податоците од Институтот на Асоцијацијата на грчки туристички бизниси (ИНСЕТЕ). Во споредба со 2022 година, тоа е бројка што е нешто помалку од двојно поголема.

Македонија и овојпат е меѓу првите 15 држави според бројот на туристи и останува без промени на 11-та позиција.

Првите 15 земји со најголем број посети и посетители на Грција се Германија, Велика Британија, Бугарија, Италија, Франција, САД, Романија, Холандија, Полска, Албанија, Северна Македонија, Турција, Австрија, Белгија и Србија.

Конкретно за нашата држава, минатата година, за 46,5 отсто се зголемил бројот на посетители споредбено со една година претходно, односно имало 1.128.000 посетители во 2023 година, наспроти 770.000 во 2022 година.

Слободните празнични денови поврзани со викендот го зголемија бројот на граѓани што ја напуштија Македонија во правец на јужниот сосед.

Слични содржини