Лапе за случајот „Тортура“: Очекував осудителна пресуда, затекнат сум од оваа одлука

од Берта Китинска

Очекував осудителна пресуда и сум затечен од оваа одлука. Јас се консултирав со колеги, по новиот ЗКП, тие не наведоа ваква судска пракса. Судот не не задолжи со насоки, но очекувам дека тоа ќе биде сторено во писменото образложение. За мене е јасно што се случило, затоа и сум останал на обвинението, но да го почекаме решението на судот, истакна Обвинителот Љубомир Лапе по денешната одлука на Кривичниот суд кој одлучи постапката за случајот Тортура да биде преотворена и да продолжи на 8 јули и 14 јули.

„Судот оцени дека е потребно дополнување на постапката и разјаснување на одделни прашања и затоа постапката ќе се преотвори. При изведување на сите докази, за членовите на совето е неразјаснето прашањето за употребената сила, закана и отпор“, рече судијката Александра Ристоска.

Слични содржини