Тоа е форма на тоталитаризам. Премиерот не може да го определува што ќе пишува во учебниците по историја, вели новинарот Драган Павловиќ-Латас за дискусијата околу тоа дали ќе се менува изразот „бугарски фашистички окупатор“.
Според него, премиерот не може со никој да се договара и нема мандат да ја менува историјата.
-Тоа е работа на експерти и луѓе што ја знаат историјата. Македонија нема проблем со Бугарија. Бугарија има проблем со самата себе. Македонија има меѓународно верифициран Бледски договор, кој во 1948 година го напушти. Според тој договор, не само што о Бугарија има Македонци, туку имаат и право на автономија во Пиринска Македонија и тоа е потпишано од бугарска страна. Заев ја поткопува работата на Историската комисија со ова, смета Латас во гостувањето на емисијата „Само вистина“.