Латиноамериканците ја одржуваат економијата на САД жива

од desk2
272 прегледи

Импресивен факт: Ако Латиноамериканците во САД беа независна економија, нејзиниот брутодомашен производ би бил најбрзорастечки меѓу развиените економии во светот. Латиноамериканскиот БДП во САД сега е 2,3 трилиони американски долари, како што е детално објавено во новиот извештај со кој се проценува економскиот производ на групата со мерење на неговиот удел во 71 индустрија. Задачата на американските политичари е да дозволат овој тренд да продолжи, зајакнувајќи ја земјата како целина, пишува за Вол Стрит Журнал, Сол Трухиљо, претседател на Latino Donor Collaborative.

За жал, додека економското производство на Латинска Америка постојано расте, целокупната американска економија се забавува на долг рок. Растот достигна 2,9% минатата година, во споредба со просекот од 3,2% по војната, при што повеќето економисти предвидуваат дека стапката ќе се намали во наредните години.

Главен фактор зад овој пад е забавувањето на растот на работната сила во Америка, паѓајќи од 2,3% во 2000 година на 0,7% во 2017 година. Додека официјалната стапка на невработеност изгледа одлично, процентот на Американци во активна возраст кои бараaт работа се намали. Овој пад ќе се надополни во наредните години со поголемиот број постари Американци кои ќе заминат во пензија, како и со намалената стапка на наталитет во Соединетите држави. Ако не беа Латиноамериканците, кои сочинуваат 82% од растот на работната сила во САД по 2008 година, социјалното осигурување веќе би се наоѓало во опасност од колапс.

Латиноамериканците во САД се како коњаница што доаѓа од зад ридот за да ја поддржи економијата и да го одржи растот за наредните децении. Растот на оваа група е единствена предност што ја има Америка во однос на другите економии што стареат.

Латиноамериканците се најмладата група во Америка, кои растат шест пати побрзо од населението како целина и се очекува да надминат 100 милиони до средината на векот (во моментов околу 50 милиони). Тие сега ги исполнуваат работните места и тоа ќе продолжат да го прават тоа во следните децении. Но, дури и тие не можат да ја исполнат побарувачката. Ни требаат повеќе како нив.

На Соединетите држави им е потребна имиграциска политика фокусирана на регрутирање, подготвени да вршат каква било работа, кои ќе демнострираат примерна етика на работата и ќе
станат главни работници во многу индустрии.

Размислете колку поскапа би била храната ако не беа Латиноамериканците, кои сочинуваат 39% од работниците во американската прехранбена индустрија и 34% од готвачите. Здравствената заштита би била екстремно скапа без Латиноамериканските работници, кои заземаат 1 од секои 4 работни места во овој сектор.

Списокот продолжува: Замислете каде би била индустријата за облека од 9,6 милијарди американски долари без Латиноамериканците, кои сочинуваат 47% од сите работници во индустријата за шиење и 44% од сите оператори на машина за шиење. Размислете за достапноста и цената на новите домови ако во градежната индустрија од 1,3 трилиони американски долари недостасуваат 37% од вработените, 56% од работниците за покриви и 70% од монтерите на гипс картони.

Латиноамериканците исто така ја зајакнуваат економијата со создавање работни места. Латино претприемачите заработуваат повеќе од 700 милијарди долари годишно. И додека Латиноамериканците во САД се збогатуваат, тие сè повеќе придонесуваат за економијата и како потрошувачи. Тие сочинуваат скоро 30% од зголемувањето на реалниот доход во Америка. Со тоа доаѓа куповната моќ и од 2010-17 година нивната реална потрошувачка во САД порасна за 72% побрзо од остатокот на населението.

Одржувањето на овие трендови ќе бара уште повеќе работници, а тоа значи дека САД треба да се справат со процесот на имиграција. Американците не можат да си дозволат да подигнуваат ѕидови и да го задушуваат снабдувањето со труд или да депортираат луѓе кои веќе работат овде.Рестриктивната политика на претседателот Трамп може да го потисне американскиот БДП за наредните години.

Како Американец, пишува Сол Трухиљо, верувам дека имаме можност да се разделиме од стагнацијата, економија со низок раст како Јапонија и да одржуваме економија која може да го катализира растот и да го оживее американскиот сон. Ни треба сеопфатна реформа на законите и политиките за имиграција. Ова е единствениот начин да можеме да го смениме текот на економскиот пад.

Политичарите мора да сторат сé што можат за дополнително да го стимулираат придонесот на Латиноамериканците во економскиот раст, што е суштински дел од сите шанси на Американците за просперитетна иднина.

 

Слични содржини