189
Ники Лауда наскоро нема да се врати во Формула 1. Тој повторно влезе во болница за проблемите
со бубрезите.
Трикратниот светски шампион претрпе операција за трансплантација на бели дробови минатата
година, а неговото закрепнување по неа беше тешко. Иако неколку месеци откако излезе од
болница Лауда изјави дека на тениски игралишта „трча како никогаш досега“, бубрежните
проблеми се предизвикани по компликација од трансплантацијата.
На почетокот на оваа година, Лауда и Мерцедес водеа преговори за враќање на легендата во
Формула 1. Тоа требаше да се случи за Гранд при на Шпанија, но здравјето на шампионот се влоши.
Покрај трансплантацијата на белите дробови, Лауда има две трансплантации на бубрег во 1997 и
2005 година.