Лавини во планинска област во северозападна Кина, блокирани околу илјада туристи

од Stefanija Kuzmanovska

Околу илјада туристи се блокирани поради лавини во оддалечено туристичко планинско одморалиште во регионот Ксинџијанг во северозападна Кина, објавија денеска кинеските медиуми.

Променливото време ја попречува евакуацијата, а пристапот до туристичкото село Хему, во близина на тромеѓето на Казахстан, Русија и Монголија, каде туристите се заробени веќе неколку дена, е отсечен од лавина, пренесува „Ројтерс“.

Континуираните снежни врнежи во одредени области траат веќе 10 дена, што предизвика неколку десетици лавини, но помал број туристи беа успешно евакуирани со хеликоптер, јавуваат кинеските медиуми.

Слични содржини