Лавров: Каков придонес даваат Македонија и Црна Гора за НАТО?

од Nikola Popovski
796 прегледи

Северноатлантскиот сојуз не може да се смета за одбранбен, имајќи ги предвид воените операции што ги спроведе во Југославија, Либија и Авганистан, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров.

„Во одговорот добиен од Брисел од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, гордо се наведува дека НАТО е одбранбен сојуз, но реално е тешко да се нарече одбранбен. Не смееме да заборавиме дека тие ја бомбардираа Југославија речиси три месеци, ја нападнаа Либија со кршење на резолуцијата на Советот за безбедност, како и како се однесуваа во Авганистан“, нагласи шефот на руската дипломатија.

Лавров за „Први канал“ оцени дека по завршувањето на Студената војна, НАТО суштински престанал да биде одбранбен сојуз.

„За време на Студената војна и кога постоеше Берлинскиот ѕид, беше јасно која територија да се брани. Ѕидот исчезна, во рамките на ОБСЕ прогласивме вечно пријателство, неделивост на безбедноста, солидарност, се договоривме никој да не ја зајакнува својата безбедност на сметка на другите – и тие продолжуваат да прифаќаат земји“, додаде тој.

Тие сакаат да ја „влечат“ Украина во НАТО, а нејзиниот влез во Алијансата навистина ќе ги поткопа односите меѓу Русија и Западот, предупреди министерот, додавајќи дека „секогаш се покажува дека линијата што НАТО мора да ја брани се повеќе се движи на исток“.

Во таа насока, тој потсети дека членот 10 од Вашингтонскиот договор за основање на Северноатлантскиот сојуз вели дека земјите членки на НАТО можат да поканат која било европска земја што не е дел од блокот, што е во согласност со принципите на тој договор и може да придонесе за зајакнување на безбедноста на Алијансата.

„Ете за што се работи. Тие едноставно немаат право да поканат кого сакаат. Тие треба да погледнат до кој степен тоа придонесува за безбедноста на самата Алијанса. Тие примија земји со чии народи имаме добри односи Црна Гора Македонија“, заклучи Лавров, пренесува Спутник, додавајќи дека не е јасно каков придонес даваат тие земји за безбедноста на блокот, со оглед на нивните воени и воено-технички ресурси.

Слични содржини