Лавров не е добредојден во Скопје, не гледам зошто би доаѓал, тврди Петровска

од Vladimir Zorba
360 прегледи

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска на одговор на новинарско прашање во вечерашното издание на Тема на денот во Дневникот на Македонската телевизија одговори и за можното учество на министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров на состанокот на ОБСЕ во Скопје, при што истакна дека ако предвид се има однесувањето на Русија и нејзината надворешна политика, не гледа причина Лавров да учествува на овој состанок.

„Нема потврда за доаѓањето на Лавров, меѓутоа со оглед на однесувањето на руската надворешна политика, нивното мешање во внатрешните работи на државите, меѓутоа пред сè нивниот однос кон Украина, не гледам зошто тој би доаѓал овдека“, рече министерката.

Петровска порача дека изминатиов период С. Македонија како претседавач на ОБСЕ навистина даде сè, вложи максимум напори да успешно се заврши претседавањето и ОБСЕ да ја исполни својата мисија.

„Не зависи секогаш сè од нас. И останатите земји членки, во случајов и Русија како членка на ОБСЕ треба да покаже дека навистина знае да ги негува и да ги вреднува вредностите на ОБСЕ“, рече министерката во Дневникот на МТВ.

Слични содржини