50
Евентуалното распоредување на американско нуклеарно оружје во земјите од Југоисточна Азија ќе ги зголеми безбедносните ризици на целиот регион, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
За време на посетата на Малезија, тој рече дека во тој регион веќе се присутни елементи на нуклеарно одвраќање како дел од проектот AUKUS (трилатерален одбранбен сојуз на Австралија, Велика Британија и САД), според кој нуклеарните подморници ќе бидат опремени со технологии кои треба да бидат под контрола на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), пишува весникот „Известија“.
Лавров додаде дека, дополнително, САД и Јужна Кореја имаат договор за заедничко нуклеарно одвраќање.