Лавров: С. Македонија и Црна Гора се вовлечени од Западот

од Nikola Popovski
685 прегледи

Црна Гора и Северна Македонија беа вовлечени во војната со санкции. Тие беа привлечени со ветувањата за брзо зближување со Европската унија. Тоа не се случи, тие беа вовлечени во НАТО, во антируски акции, во антируски кампањи. Потоа, како да ги „тапкаа по рамо“ и рекоа: момците – „секоја чест“, продолжите во истиот дух. Ова е сериозен проблем, изјавил рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров во интервју за српски медиуми, објави Руската амбасада во земјава.

Лавров додал дека „никогаш не наметнуваат нешто со сила“.

-Западот се обидува да ја наметне својата линија, интересите на Србија токму со силата на економскиот притисок, заканите, уцените, ултиматумите дека ако сакате да влезете во Европската унија, мора да заземете антируска линија. Ова не е пристојно. Не можете така да се однесувате ниту во општеството, ниту дома, ниту со пријателите, ниту на меѓународната сцена. Особено кога сите се обидуваат да ги притиснат сите. Претседателот Александар Вучиќ повеќепати се осврна на оваа тема. Искрено рече дека Србија е мала земја. Но, таа има своја гордост, интереси, потенцира Лавров.

Според него, „Северна Македонија и Црна Гора станале инструмент на западната политика, како што се обидуваат да направат со Босна и Херцеговина“.

-Угледот на ЕУ и вистинските цели на нејзината политика на Балканот се во прашање. Според моите согледувања, САД го предадоа Балканот на Европската Унија. Тие се целосно задоволни од агресивната антируска линија што ја спроведува ЕУ, изјаил рускиот министер.

Слични содржини