Лавров: САД и НАТО и понатаму се директно вклучени во конфликтот

од Stefanija Kuzmanovska
301 прегледи

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров уште еднаш посочи дека Соединетите Американски Држави и НАТО се директно вклучени во конфликтот, не само со испраќање оружје, туку и со обука на војници во Велика Британија, Германија, Италија и други земји, пренесува Хина.

Без разлика колку ново оружје ќе набави Украина, сето ќе биде уништено од руската армија, изјави Дмитриј Пољански, првиот заменик руски амбасадор во Обединетите нации.

Пољански се осврна на посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на САД.

„Новото вооружување на Украина на никаков начин нема да влијае на исполнувањето на руските цели во специјалната воена операција. Сакам да ги советувам сите западни земји што поскоро да се запрашаат до кога ќе ѝ помагаат на Украина, ако има се помалку Украинци кои веруваат во украинскиот режим“, навел Пољански.

Американскиот Конгрес одобри повеќе од 110 милијарди долари за Украина од руската инвазија која започна во февруари 2022 година, но не одобри никакви средства откако републиканците го презедоа Претставничкиот дом од демократите во јануари.

До средината на ноември, американското министерство за одбрана искористи 97 отсто од дополнителните средства за Украина од 62,3 милијарди долари, а Стејт департментот ги искористи сите 4,7 милијарди долари воена помош за Украина кои му беа доделени, изјави директорот на Канцеларијата за управување и буџет на Белата куќа, Шаланда Јанг.

Слични содржини