Лавров: САД, Јужна Кореја и Јапонија подготвуваат војна против Северна Кореја

од Stefanija Kuzmanovska
381 прегледи

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров ги обвини САД, Јужна Кореја и Јапонија дека подготвуваат војна против Северна Кореја.

Лавров на прес-конференција во ОН рече дека овој нов воен блок, кој бил формиран од Америка, собира воени активности и спроведува големи вежби, пренесе АП.

САД, Јужна Кореја и Јапонија ги опишаа нивните заеднички воени вежби како „одбранбени по природа“ и неопходни за справување со растечките нуклеарни закани на Северна Кореја.

„Одеднаш, реториката на Сеул стана понепријателска кон Пјонгјанг. И во Јапонија слушаме агресивна реторика“, додаде Лавров. Тој посочи дека целта на тој воен блок е јасна.

„Тие подготвуваат војна против Северна Кореја“, тврди Лавров.

Рускиот министер истакна дека САД и азиските сојузници разговараат и за развој на соработка.

„Прилично е глупав начинот на кој го формулираа, но тие рекоа нешто како соработка во врска со нуклеарно оружје“, рече тој.

Слични содржини