Лавров се сретна со Сијарто на маргините на самитот на ОБСЕ

од Stefanija Kuzmanovska
267 прегледи

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска се сретна со неговиот унгарски колега Петер Сијарто на маргините на самитот на ОБСЕ во Северна Македонија, соопшти денеска портпаролката на руското министерство за надворешни работи Марија Захарова.

Таа додаде дека Лавров одвоено се сретнал со министерот за надворешни работи на Ерменија, Арарат Мирзојан.

Лавров пристигна во Северна Македонија со лет преку Грција, бидејќи бугарските власти не дозволија авионот да прелета над бугарска територија доколку во него е Захарова.

Авионот со кој Лавров патувал до Скопје прелетал околу 4.000 километри и ги прелетал Турција и Грција, иако првично беше планирано да лета до Скопје преку Бугарија и затоа летот траел повеќе од пет часа.

Северна Македонија привремено ја укина забраната за руски летови за да ѝ дозволи на руската делегација да присуствува на самитот на ОБСЕ, иако санкциите за другите летови остануваат на сила.

На состанокот на шефовите на ОБСЕ нема да присуствуваат американскиот државен секретар Ентони Блинкен и министрите за надворешни работи на ЕУ и Велика Британија, Жозеп Борел и Дејвид Камерон, кои синоќа беа во Скопје и присуствуваа на неформална вечера.

Слични содржини