Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров изјавил дека во светот во моментов има валкана борба околу тоа кој ќе биде првиот што ќе направи вакцина против коронавирусот.
„Тоа е борба за престиж кој ќе биде првиот што ќе ја направи вакцината, тоа е прашање на национален егоизам“, рече тој.
Лавров исто така изјавил дека има информации дека САД ја купиле француската компанија „Санофи“ само затоа што таа фармацевтска компанија би можела да биде прва што ќе ја направи вакцината.
„Сепак, цела Европа го дели ставот дека Русија исто така се залага дека секој што ќе ја направи вакцината, треба да ја направи достапна за сите. Само таков став има смисла, а геополитиката нема место во ова“, истакна тој.
Лавров додал дека ниту една земја не смее да ја претвори вакцината во еден вид геополитичка корист.
Рускиот министер, исто така, ги отфрлил сите обвиненија против Русија дека крие информација за вистинскиот број на починати кога станува збор за коронавирусот, велејќи дека Москва „не игра со животот на луѓето“ на тој начин.
„Човечките животи не се шега, никој во Русија не игра на тој начин. Загрижувачки е што некој ја користи оваа ситуација за да обвини било кој друг, заклучи Лавров.