Искористете го последното сезонски зеленчук за да направите неодоливи лазањи.
СОСТОЈКИ:
300 гр тесто за лазањи
1 главица кромид
3 чешниња лук
3 тиквици
1 модар патлиџан
200 гр пелати
200 гр моцарела
400 гр рикота
50 гр пармезан
босилек
магдонос
сол
бибер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Намастете огноотпорен сад. На маслиново масло продинстајте кромид и лук, па додајте патлиџан и тиквици исечкани на коцки. Залијте со пелати и додајте зачини. Гответе неколку минути.
На дно на сад за печење ставете малку сос, а потоа дното прекријте го со листови тесто. Додајте динстан зеленчук, моцарела и рикота кои претходно сте ги зачиниле со сол бибер. Постапката повторувајте ја додека не ги потрошите сите состојки. На крај посипете со остатокот од моцарелата и пармезан. Печете околу половина час.