Лажен полицаец измамил старица за 3000 евра

од Nikola Popovski
37 прегледи

МВР информира дека вчера попладне во 18.00 часот во СВР Скопје, 81-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно машко лице за сума од 3.000 евра.

„На 09.04.2025 во 18.00 часот во СВР Скопје, 81-годишна жена од Скопје пријавила дека била измамена од едно машко лице за сума од 3.000 евра. Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како полициски службеник и ѝ кажало дека нејзиниот син и неговата сопруга предизвикале сообраќајна несреќа во која прегазиле дете и доколку не сака да лежат во затвор требало да плати“, велат од МВР и додаваат:

Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, а откако нејзината снаа се вратила во домот од работа, таа сфатила дека била измамена.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини