Лажен профил на Инстаграм на специјалната обвинителка Фатиме Фетаи

од Vladimir Zorba
96 прегледи

  Засега непознато лице создало лажен Инстаграм профил на обвинителката во Специјалното јавно обвинителство Фатиме Фетаи, за МИА информираат од ова обвинителство.

 
Веднаш по откривањето на лажниот профил случајот е пријавен до наделжните органи во Министерството за внатрешни работи.
„Станува збор за класична злоупотреба на идентитетот на обвинителката Фетаи, при што овој лажен профил е искористен во јавноста да се пласираат ставови за актуелни настани со цел да им се наштети на угледот на обвинителката и на самото Специјално јавно обвинителство“, наведуваат од СЈО.