Министерството за внатрешни работи (МВР) ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешната пријава од објект на Пошта на Северна Македонија во Скопје по добиена порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажна пријава.
-Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажна пријава, информираа од МВР.
Средните и основните училишта, трговските центри, станбените објекти, министерствата и другите институции во Северна Македонија веќе четири месеци се цел на лажни пријави за поставени бомби.
Првата лажна дојава за бомба на е-мејл адреса пристигна на 26 октомври. На 9-ти октомври заканите освен кон училишта се проширија и кон јавни и приватни објекти како Транспортниот центар, трговските центри Ист Гејт и Бисер, зградата Флет Ајрон.
Пред два дена, исто така, имаше лажни дојави за во 20 училишта, но сите беа во Скопје.
Досега се поднесени три кривични пријави, за двајца малолетници и еден 63-годишен маж.