Лажна пријавата за наводно поставена експлозивна направа во скопско училиште

од Vladimir Zorba
181 прегледи

Министерството за внатрешни работи информира дека се направени сите потребни проверки во врска со пријавата која попладнево беше добиена од едно скопско училиште дека била добиена порака на електронска адреса со закана за наводно поставена експлозивна направа и утврдено е дека станува збор за лажна пријава.

– Веднаш по добиената пријава, од полициски службеници се преземени соодветни мерки и активности, извршени се потребните проверки од антитерористички тимови и утврдено е дека станува збор за лажна пријава, се наведува во соопштението од МВР.

Оттаму претходно информираа за пријави за наводно поставени експлозивни направи во 18 училишта во Скопје и во едно во Прилеп, а за кои по направените проверки е утврдено дека станува збор за лажни пријави.

Во изминатите денови секојдневно има нови дојави за бомби во училиштата.

Министерството за образование и наука вчера информираше дека е испратен допис до директорите на училиштата кога ќе добијат закани за поставени експлозивни аправи, да ја продолжат наставата онлајн.

Слични содржини