Лажни се пријавите за бомби во „Ист Гејт“, „Мериот“ и сала „Борис Трајковски“

од Nikola Popovski
179 прегледи

Полицијата заврши со проверките во трговскиот центар „Ист Гејт“, хотелите „ Мериот“ и „Сени галија“, сала „Борис Трајковски“ и дел од училиштата и утврди дека станува збор за лажни пријави, соопштија од МВР.

Оттаму посочуваат дека по завршување на проверките ќе информираат и за другите објекти.

Утрово на електронските адреси на десет училишта во Скопје и пет во Битола, како и Фудбалската федерација на Македонија, хотел Александар Палас, хотел Мериот, трговски центар Ист Гејт, спортска сала Борис Трајковски и Меѓународен Аеродром Скопје беше упатена закана за поставена експлозивна направа.

Дојавите за скопскиот аеродром и дел од училиштата се покажаа како лажни, било утврдено после направените безбедносни проверки.

Деновиве цел на дојави за бомби, покрај училишта, се и институции, трговски центри и други објекти. Во текот на вчерашниот ден беа регистрирани досега рекордни 49 дојави за бомби, за кои полицијата по проверките исто така посочија дека се лажни.

Слични содржини