Запален автомобил во подземните гаражи – Евакуација во „Ист гејт“

од Radmila Tasevska

Денеска попладне трговскиот центар „Ист гејт“ беше евакуиран, од него се изнесени сите вработени и купувачи. Причината за евакуацијата во молот кој полицијата го обезбедува е запален автомобил во подземната гаража.

На терен била и противпожарната бригада.

Од МВР велат „денеска во 13.42 часот пријавено е дека во ТЦ Ист Гејт Мол се вклучиле противпожарните аларми при што веднаш од страна на обезбедувањето е реагирано и е утврдено дека станува збор за запалено возило „рено лагуна” во подземниот паркинг. Пожарот е изгаснат од страна на обезбедувањето“.

Од „Ист гејт“ на социјалната мрежа Фејсбук објавија известување со кое потврдуваат дека бил активиран алармниот систем и посочуваат дека трговскиот центар е безбеден.

„Во врска со активирањето на алармниот систем во трговскиот центар, би сакале да Ве известиме дека проблемот на паркингот кај едно од возилата е навремено детектиран и веднаш е решен. Tрговскиот центар е безбеден и продолжува да работи со регуларно работно време“, напишаа од „Ист гејт“.

Слични содржини