Лажни се сите закани за експлозивни направи во Скопје

од Nikola Popovski
229 прегледи

Полицијата ги завршила потребните антитерористички проверки после заканите за експлозивни направи во објекти низ Скопје и утврдила дека истите се лажни.

-Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави, соопштија од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Порака на електронската адреса со закана за поставена експлозивна направа денеска добија Министерството за надворешни работи, најголемиот трговски центар „Ист Гејт“ и комплексот на највисоките згради „Џевахир Сити“.

Заканувачки пораки за подметнати експлозивни направи стигнале и до електронските адреси на девет училишта во Скопје и едно основно училиште во Кавадарци.

На електронските адреси на скопските училишта речиси секој ден од 26 октомври пристигнуваат мејлови за поставена бомба.

Во последните неколку дена до училиштата во градовите во внатрешноста почнаа да добиваат дојави за поставени бомби. Ваква закана на 7 декември доби Народната банка на Северна Македонија, како и првпат ТЦ „Ист Гејт“.

Слични содржини