Лажни се заканите за бомби во 23 основни училишта во Скопје

од Nikola Popovski

Министерството за внатрешни работи ја известува јавноста дека се направени сите потребни проверки во врска со денешните пријави од 23 основни училишта во Скопје по добиените пораки на електронските адреса со закана за поставена експлозивна направа, и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави.

Полицијата утрово примила неколку заканувачки пораки за подметнати експлозивни направи.

Прво пораки била испратени на електронските адреси на училишта во Битола, потоа две во Тетово и дури потоа во останатите од Скопје.

Полицијата штом ги примила повиците од училиштата излегла на терен и ги евакуирала објектите.

На 26 октомври, анонимните пораки за поставени бомби во земјава најпрвин почнаа да стигнуваат до основните и средните училишта речиси секој ден во работните денови, а мета станаа и трговски и деловни центри, државни институции, спортски објекти, полициска станица и Меѓународниот аеродром Скопје.

Слични содржини